• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Леао: Имаме време да се вратиме на позитивните резултати

Леао: Имаме време да се вратиме на позитивните резултати

Милано, 3 март 2025 (МИА) - Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао го искористи Инстаграм за да испрати порака по поразот од Лацио со 1-2, што беше трет по ред за „росонерите“ во Серија „А“. 

Натпреварот го одбележаа протестите на навивачите на тимот поради слабите резултати оваа сезона.

-За жал, ние сме против се и секого. Имаме уште време да се вратиме на позитивните резултати, а групата ќе продолжи да биде пообединета од кога било, напиша Леао на тимската фотографија од синоќешниот натпревар, која ја прикачи на социјалната мрежа. 

Португалскиот крилен напаѓач е меѓу најкритикуваните играчи на Милан, откако оваа сезона на 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 10 гола и имаше 8 асистенции. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан