ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос и доверување на животните онаму каде ќе се соодветно третирани
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 20 октомври 2024
Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа.
Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат.
За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност - оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе.
Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.
Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип.
Одговорност мора да има.
Либерално демократска партија ЛДП
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива