ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите во Скопје
- Градот Скопје, како и претпријатието "Паркови и зеленило" не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани.
21 јули 2024
Неискосена трева, паднати гранки од дрвја, несредено зеленило е секојдневната слика на парковите и зелените површини во Скопје, реагираат од Либерално-демократската партија.
-Градот Скопје, како и претпријатието "Паркови и зеленило" не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата на парковите и зеленилото во нашиот главен град, велат од партијата.
Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото.
-Парковите треба да бидат пријатни места за одмор и рекреација за сите граѓани, и затоа сме подготвени и да соработуваме со одговорните институции за постигнување на ова цел, велат од ЛДП.
Дали Скопје има градоначалник?!
Либерално-демократска партија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.