• сабота, 27 јули 2024

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник?

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник?

Скопје, 16 јули 2024

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.

„Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето“, потенцираа од ЛДП.

Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.

„Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој Град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?“, наведоа од ЛДП.

Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.

„Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите“, заклучија од ЛДП.

Либерално-демократската партија 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан