• недела, 24 ноември 2024

ЛДП: Вистинско време е за обединување на сите политички лидери

ЛДП: Вистинско време е за обединување на сите политички лидери

Скопје, 8 август 2023 

Остануваме на патот за интеграција на Северна Македонија во Европската унија, но со силни заложби за владеење нa правото и реформа на правосудниот систем, а визијата за европска држава, рамо до рамо со големите државотворни европски народи е нашата голема идеја и дел од нашата платформа, велат од Либерално-демократската партија откако денеска беше објавен Манифест во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ.


-Сега е вистинско време за обединување на сите политички лидери и оставање на партиските интереси на сметка на државните. Потпишавме заеднички Манифест со кој сите заедно се обврзуваме на ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ, воедно сите лидери на политички партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните. Пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание. Сега треба да се направи чекор напред и да се донесе одлука која води кон побрзо членство во ЕУ. Овој Манифест е на линија на политиките на ЛДП, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ“, додаваат од ЛДП.


Како што велат од ЛДП, за да може Северна Македонија да ја достигне подготвеноста за полноправно членство во 2030 година, политичките партии претставени во Собранието со своето делување се обврзуваат пристапните преговори да завршат под најповолните остварливи услови и во најкраток можен временски рок, потполно свесни за обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ.


Манифестот сe објавува пред седницата за првата фаза на уставните измени односно за гласањето на потребата од промени на Уставот закажана за 18 август.


Во предлог-иницијативата што ја усвои Владата, а помина на собраниската комисија, се предлага бугарскиот и уште пет други народи да се додадат во Преамбулата од Уставот – хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.


На документот се потпишани 12 политички партии, ЛДП, СДСМ и ДУИ, ДПА, ДОМ, Алијанса за Албанците, НСДП.

ЛДП

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

Остани поврзан