ЛДП: Бараме аргументирано образложение на одлуката за разрешување на директорот на гимназијата „Орце Николов“
- СООПШТЕНИЕ - Либерално-демократската партија прашува кој и зашто го разрешува директорот на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, професорот Митко Димовски, во период кога училиштето го одбележува својот значаен јубилеј – 70 години постоење.

7 март 2025
Либерално-демократската партија прашува кој и зашто го разрешува директорот на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, професорот Митко Димовски, во период кога училиштето го одбележува својот значаен јубилеј – 70 години постоење.
Оваа неочекувана и неправедна одлука, донесена во 1 час, без јасни причини и аргументи, претставува удар врз вредностите на чесното, посветено и одговорно управување во образовните институции.
Професорот Димовски е признат професионалец и вистински лидер кој со својата посветеност и визија придонесе кон унапредување на образованието и создавање подобри услови за учениците.
ЛДП го поддржува секој професионалец кој работи во интерес на учениците и образовниот систем, а политичките одлуки кои се носат без јасни образложенија не смеат да бидат во функција на лични, партиски или нејасни агенди.
Бараме од надлежните институции аргументирано да ја образложат оваа одлука и да овозможат континуитет во управувањето со гимназијата, во најдобар интерес на учениците, наставниот кадар и целата заедница.
Образованието мора да биде заштитено од неосновани и политички мотивирани одлуки.
ЛДП останува на страната на професионалноста, чесноста и образовниот интегритет.
Либерално-демократска партија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.