• среда, 18 декември 2024

Лајчак на 10 март ќе допатува во Приштина заради разговори за патоказот за спроведување на планот за Косово

Лајчак на 10 март ќе допатува во Приштина заради разговори за патоказот за спроведување на планот за Косово

Приштина, 6 март 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак, в петок, на 10 март, ќе престојува во Косово.

Приштинскиот портал Коха.нет објави, повикувајќи се на извори од ЕУ, дека Лајчак ќе се сретне со владини претставници и лидери на опозицијата во Косово.

Две косовски опозициски партии, ДПК и ДСК, се изјаснија против договорот што беше прифатен на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел на 27 февруари.

Минатата недела Лајчак најави посета на Приштина и Белград со цел да се преземат дополнителни чекори за усогласување на патоказот за спроведување на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан