• четврток, 26 декември 2024

Лајчак на Преспа форум: Разговарав за настаните во регионот, особено меѓу Белград и Приштина

Лајчак на Преспа форум: Разговарав за настаните во регионот, особено меѓу Белград и Приштина

Струга, 16 јуни 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој учествува на форумот за дијалог во Преспа, денеска соопшти дека разговарал за актуелните настани во регионот, особено меѓу Белград и Приштина.

„Со партнерите, колегите и пријателите разговарав за актуелните настани во регионот, особено меѓу Косово и Србија“, напиша Лајчак на Твитер.

Тој додаде дека на форумот за дијалог во Преспа разговарале за тоа што е потребно за помирување на Западен Балкан. паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан