• недела, 24 ноември 2024

Лајчак го запозна Шоле за дијалогот, се согласија за потреба од итно спроведување на договорот

Лајчак го запозна Шоле за дијалогот, се согласија за потреба од итно спроведување на договорот

Белград, 5 април 2023 (МИА) -  Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, објави дека разговарал со специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, за средбата со главните преговарачи на Белград и Приштина во Брисел, пренесе Бета.

Во објава на Твитер, Лајчак рече дека синоќа со Шоле се согласиле дека е потребно итно спроведување на договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Лајчак во порака на Твитер напиша дека е добро да се разговара за последните случувања на Западен Балкан со специјалниот советник на Стејт департментот и дека го запознал со дијалогот и средбата на главните преговарачи.

„Се согласивме за потребата од итна имплементација со добра волја“, напиша Лајчак.

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, вчера во Брисел се сретнаа со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во рамки на продолжението на дијалогот. паг/

Остани поврзан