• среда, 25 декември 2024

Лајпциг ја одби првата понуда на Барселона за Олмо

Лајпциг ја одби првата понуда на Барселона за Олмо


Мадрид, 6 август 2024 (МИА) – Германскиот бундеслигаш Лајпциг ја одби првата понуда на Барселона за шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Според весникот Марка, каталонскиот гигант понудил 40 милиони евра обесштетување, плус 10 милиони евра доколку Барса освои две шпански титули во следните пет години и уште 10 милиони доколку освои две титули во Лигата на шампиони во истиот период. Сепак, Лајпциг го одби овој предлог.
Во втората понуда, Барселона ја подигна фиксната бројка на 50 милиони, плус одредена сума во бонуси. Но Лајпциг наводно бара 60 милиони евра без какви и да е исплати на рати.
- Олмо е исклучителен играч кој има важна вредност за нас. Ние сме подготвени да разговараме за тоа, но има одредена вредност. Ако има решение пред четврток, тогаш има решение. Во спротивно, тој ќе се приклучи на нашите тренинзи овде и ќе имаме уште еден врвен играч во нашите редови“, изјави спортскиот менаџер на Лајпциг, Марсе Шафер.
Олмо пристигна во Лајпциг од Динамо Загреб во 2020 година за 19 милиони евра и дополнителни 10 милиони евра во различни бонуси.
Младиот Шпанец забележа 148 настапи за германскиот тим и постигна 29 голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан