• сабота, 09 ноември 2024

Лајпциг неколку недели без повредениот Симонс

Лајпциг неколку недели без повредениот Симонс

 

Лајпциг, 25 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на РБ Лајпциг, Чави Симонс ќе отсуствува неколку недели откако ги повреди лигаментите на левиот зглоб при поразот од Ливерпул со 0-1 во средата во Лигата на шампиони.

Холандскиот интернационалец Симонс (21), кој е во редовите на Лајпциг како позајмен од ПСЖ, беше принудно повлечен од теренот по судар со дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон.

„За жал, Чави ги повреди лигаментите на левата нога и ќе биде надвор од терените неколку недели“, се вели во соопштението на клубот.

Лајпциг, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, претрпе три порази во воведните три кола во Лигата на шампиони, а во Бундеслигата е второпласиран со 17 бодови, колку што има и лидерот Баерн Минхен. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан