• четврток, 19 декември 2024

Лајка: Топлотниот бран влијае и врз животните, граѓаните да внимаваат на своите миленици

Лајка: Топлотниот бран влијае и врз животните, граѓаните да внимаваат на своите миленици
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Топлотниот бран кој што ја зафати државава има големо влијание врз сите животни, велат од Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници „Лајка“ и испраќаат апел до граѓаните да внимаваат на своите миленици. Бидејќи во овој период, грижата и заштитата од топлото време е важно за превенција од топлотен удар кај милениците. -Со оглед на временските прогнози кои што најавуваат дека топлото време ќе се задржи и наредниот период, ние уште еднаш препорачуваме кучињата да се шетаат во раните утрински часови или доцна попладне, да се избегнува одење по жежок афалт, да престојуваат под сенка доколку сè на отворено и секогаш да имаат на располагање свежа вода. Да не се оставаат милениците во затворено возило, дури и во денови кога температурите се ниски. Од претпријатието предупредуваат дека доколку кучињата дишат забрзано и отежнато, имаат зголемен пулс и забрзана работа на срцето, прекумерно лачат лигавица од устата или имаат висока температура, укажува дека миленикот има топлотен удар. Во тој случај, како што препорачува докторот по ветеринарна медицина, Виктор Груев, кучето треба веднаш да се однесе на ветеринар. Доколку сопственикот не е во можност итно да го однесе кучето на лекар, тогаш треба да се повлече миленикот во темна просторија каде нема директен контакт со сонцето, да му се постави ладна-мокра крпа на вратот или главата, или да се обезбеди црево со вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен. И покрај овие итни превземени мерки, најдобро е миленикот сепак да се однесе на ветеринар. -Се разбира, токму летните горештини се идеално време за редовно бањање, но пред сè за освежување на милениците, стои во соопштението. Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска волонтираше во ЈП Лајка.свс/са/

Остани поврзан