• петок, 27 декември 2024

Лајен и Мишел побараа да се испита потеклото на коронавирусот

Лајен и Мишел побараа да се испита потеклото на коронавирусот
Брисел, 10 јуни 2021 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел повикаа да се испита потеклото на пандемијата со Ковид-19. Со нивното барање, воочи самитот на Г-7, се зголемува притисокот врз Кина да биде потранспарентна. - Треба да знаеме од каде започна пандемијата, за да ги научиме вистинските лекции и да ги развиеме вистинските алатки за да се осигураме дека никогаш повеќе нема да се случи, наведе Лајен. Таа посочи дека е многу важно да им се обезбеди на истражителите целосен пристап до информации со цел да се утврди потеклото на пандемијата. Според неа, Европа разумно реагирала на ограничувањата воведени поради пандемијата, бидејќи ги научила вистинските лекции од финансиската криза во 2008 година. - Светот има право да да знае што точно се случило, наведе Мишел. ми/

Остани поврзан