• вторник, 24 декември 2024

Лајен: ЕК планира да инвестира девет милијарди евра во економиите на Западен Балкан

Лајен: ЕК планира да инвестира девет милијарди евра во економиите на Западен Балкан
Љубљана, 29 август 2022 (МИА) - Европска комисија планира да инвестира девет милијарди евра во економиите на Западен Балкан и да привлече 20 милијарди евра приватни инвестиции во регионот, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во својот говор на 17. Меѓународен стратешки форум во Блед. Во соопштението на ЕК се наведува дела Лајен наведе дека средствата ќе бидат наменети за да се спречат обидите за мешање на авторитарните држави, кои го поткопуваат развојот на демократските институции во регионот. - Нашите пријатели од Западен Балкан отсекогаш биле дел од европското семејство, нашите врски се зајакнати со вековната трговија и патувања, истакна Лајен. Сепак, таа призна дека изминатите години напредокот во интегративниот процес на балканските земји во ЕУ е бавен. Според неа, причината за тоа не се толку несогласувањата помеѓу земјите-членки на ЕУ, туку интервенцијата на странски играчи, меѓу кои и Русија, која, според неа, има за цел да го забави градењето на демократските институции. ми/

Остани поврзан