• недела, 24 ноември 2024

Лајан: Одлуките што ги носиме сега ќе ја опредалат нашата иднина

Лајан: Одлуките што ги носиме сега ќе ја опредалат нашата иднина
Брисел, 26 март 2020 (МИА) - Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан изјави дека новиот коронавирус ќе го смени животот на Европејците и доведе до „трагедија на ниво, што до пред неколку недели беше незамислива“. - Оваа е борба во која секој од нас има улога, истакна Лајан. Таа во обрајќањето пред речиси празниот ЕП во Брисел повторно повика на единство и координиран пристап во борбата против пандемијата со Ковид-19. Лајан оцени дека почетниот одоговор на кризата во Европа бил едностран односно секоја земја гледала само за себе, но во меѓувреме преземени се вонредни мерки и подобрена е координацијата. - Сите делиме иста одговорност и не можеме сами за себе да ја решаваме ова криза. Само со меѓусебно помагање ќе си помогнеме и себе си, наведе Лајан. Таа во исто време укажа на потребата од правилно функционирање на европскиот единствен пазар и шенгенот, како единствен начин за решавање на актуелната криза. Лајан потенцира дека е неефикасна мерката за затворањена внатрешните граници на Европска Унија, бидејќи тоа го отежнува протокот на артикли неопходни за земјите-членки на Унијата во борбата против Ковид-19 - Во овој момент нема ниту една земја-членка која може сама да ги подмири своите потреби за медицинска опрема, истакна претседателката на ЕК. Таа додаде дека ЕУ првпат во својата историја прави заеднички резерви од медицинска опрема, а производителите потврдија дека следните недели ќе можат да ги испорачаат нарачаните заштитна опрема, респиратори и лабораториски тестови. - Сега на прво место ни е спасувањето на животи. Но, се надевам дека брзо ќе дојде „денот потоа“ кога ќе мораме да ги решаваме општествено економските позледици од кризата, потенцира Лајан. Пред гласањето во ЕП за мерките за помош за земјите-членки и земјите во процес на пристапување во ЕУ, Лајан нагласи дека сега донесените одлуки ќе ја одредат иднината на Унијата. - Историјата не гледа. Мораме заедно да ја направиме вистинската работа со едно големо срцем наместо 27 мали, посочи Лајан. ми/

Тагови

Остани поврзан