Лашкоска: Намалување на ризиците од катастрофи бара широка соработка и инклузивност
- Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денеска учествувала на министерска тркалезна маса на тема „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“, организирана во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, одржана во Будва, Црна Гора.
Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денеска учествувала на министерска тркалезна маса на тема „Зголемување на активностите за намалување на ризикот од развој на ризици во средината“, организирана во рамки на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи, одржана во Будва, Црна Гора.
Како што информираат од Министерството, во присуство на министри и шефови на делегации на високо ниво од регионот и од Европа и централна Азија, претставници на ОН и избрани засегнати страни, заменик министерката Лашкоска ги претставила националните напори за намалување на ризикот од климатските катастрофи.
- Еден од клучните предизвици со што се соочуваме е да се осигура дека намалувањето на ризикот од катастрофи, климатската адаптација и управувањето со животната средина се спроведува кохерентно во сите гранки на власта. Овие области се неразделни и треба да се уредуваат соодветно, истакнала Лашкоска.
Таа додала дека се потребни интегрирани закони, регулативи и рамки на политики што ќе обединат различни сектори - животна средина, енергија, земјоделство, урбанистичко планирање, инфраструктура, финансии, образование и социјална заштита - под обединета и инклузивна визија за намалување на ризикот и отпорност на климата на нашите заедници.
Лашоска истакна дека ја смета за особено важна регионалната соработка, бидејќи катастрофите не познаваат граници, а колективна способност да споделуваме знаење, ресурси и најдобри практики е од витално значење.
- Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи ја оцени како исклучително важна и добра можности да се споделуваат знаења, да се соработува и да се координира за стратегиите за намалување на ризиците што ги надминуваат националните граници. Тркалезната маса се затвори со донесување на политичка декларација што не е само резиме на дискусиите, туку ја изразува посветеноста на државите за заедниците. Таа е моќна порака до глобалната заедница, ги зајакнува врските помеѓу Рамката Сендаи и Конвенциите во Рио и придонесува кон Глобалната платформа за намалување на ризикот од катастрофи од 2025 година, се додава во соопштението. бд/дма/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање