• сабота, 23 ноември 2024

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

Лашкоска во Хамбург на министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на Берлинскиот процес и одбележување на неговата 10годишнина, денеска во Хамбург, СР Германија, се одржа прв годишен Министерски состанок за Зелена Агенда за Западен Балкан, на која учествуваше заменик министерката за животна средина и просторно планирање,  Ане Лашкоска.

На состанокот, како што соопшти МЖСПП, земјите од Западен Балкан реферираа за степенот на имплементација за Зелената Агенда.

Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска нагласила дека Македонија ја препознава Зелената Агенда како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредокот кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во регионот.

Во таа насока, таа додала дека сме посветени на спроведување на Зелената агенда и исполнување на обврските од сите пет столбови на Акцискиот план за Зелена Агенда за Западен Балкан - декарбонизација, циркуларна економија, намалување на загадување, одржливо земјоделство и производство на храна и биодиверзитет.

-На средбата Лашкоска ја изрази нашата поддршка и одобрување за донесување на Заедничката изјава од првиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан - Декларација од Хамбург и на Регионален акциски план за спроведување на Заедничката изјава за спречување на загадување од пластика, вклучително и морски отпад, како и Патоказ за адаптација на климатските промени за Западен Балкан, се наведува во соопштението од Министерство за животна средина и просторно планирање. дма/са/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Остани поврзан