• четврток, 26 декември 2024

Лашет: Германија треба да го подобри управувањето со пандемијата

Лашет: Германија треба да го подобри управувањето со пандемијата
Берлин, 15 март 2021 (МИА) - Германија треба да го подобри управувањето со пандемијата на коронавирусот, изјави лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Армин Лашет, по лошиот резултат на вчерашните регионални избори во југозападните покраини Баден-Вуертемберг и Рајнска област-Пфалц. - Кризата ги засега сите во нашата земја, па затоа се води дебата за нејзиното управување. Таа треба да се подобри, изјави Лашет, кој беше избран за лидер на владејачката ЦДУ во јануари.

Десноцентристичката партија на канцеларката Ангела Меркел, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на вчерашните регионални избори претрпе големи загуби во двата региона, резултат што Лашет го нарече „разочарувачки“, шест месеци пред општите избори.

Германските медиуми поразот на ЦДУ го оценија како прекор за управување на Меркел со пандемијата со Ковид-19. паг/  

Остани поврзан