• вторник, 24 декември 2024

Лацио сака да го доведе Алегри

Лацио сака да го доведе Алегри

Рим, 5 јуни 2024 (МИА) - Како што стојат работите, Игор Тудор од следната сезона повеќе нема да биде тренер на фудбалерите на Лацио, а управата на клубот ја започна потрагата по неговиот наследник.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека раководството на клубот е заинтересирано да го доведе досегашниот шеф на стручниот штаб на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Состојбата со Тудор треба да се дознае многу брзо, најдоцна во следните два дена, кога и официјално ќе биде објавено неговото заминување.

Италијанскиот весник понатаму наведува дека пишувањата за враќањето на Маурицио Сари во Лацио немаат основа, како и дека претседателот на клубот Клаудио Лотито повеќе би сакал да го види Алегри на позицијата шеф на стручниот штаб, но и дека во наредниот неколку дена сите негови постапки ќе одат во таа насока.

Доколку не успее да се договори со него, ќе се сврти кон преговори со Мирослав Клосе и Марко Баркони. дс

Фото: Архива

Остани поврзан