• вторник, 24 декември 2024

Лацио понуди 35 милиони евра за Гринвуд

Лацио понуди 35 милиони евра за Гринвуд

Лондон, 20 јуни 2024 (МИА) - Лацио е во преговори за ангажирање на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, пренесува „Daily Mail“.

Според британскиот медиум, римскиот клуб понудил 35 милиони евра за 22-годишниот Англичанец. Забележано е дека преговорите меѓу клубовите се одвиваат на позитивен начин.

Минатата сезона Гринвуд играше за Хетафе на позајмица. За шпанскиот клуб забележа 36 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и шест асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 25 милиони евра. Неговиот договор со Манчестер Јунајтед е до летото 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан