• среда, 25 декември 2024

Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на Ковид-19 во Германија без потребните мерки

Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на Ковид-19 во Германија без потребните мерки
Берлин, 22 јули 2022 (МИА) - Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на нов „катастрофален“ бран на коронавирус во Германија, доколку не се договорат доволно мерки за борба против Ковид-19 пред есента. - Доколку ја пречекаме есента како сега, без заштитни маски, без ништо, тоа би значело дека бројот на заразени остро ќе порасне, но и оти одделите за интензивна нега ќе бидат преоптоварени, изјави тој за ДПА за време на посетата на Вашингтон. Истовремено, како што истакна министерот, болен ќе биде и болничкиот персонал, што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем. - Тоа е како свеќа што гори на два краја, појасни Лаутербах. Според него, јасно е дека се потребни мерки. Министерот не сакаше да даде детали околу тоа какви ќе бидат мерките. Како што тој додаде, тоа е предмет на доверливи преговори со останатите министерства, вклучително и со Министерството за правда. - Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш Владата мора да одлучи за нови мерки, нагласи Лаутербах. бд/зш/

Остани поврзан