• недела, 29 декември 2024

Лаутаро го откачи Јунајтед, сака само во Барса

Лаутаро го откачи Јунајтед, сака само во Барса
Барселона, 7 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е подготвен да отфрли каков било предлог од Манчестер Јунајтед за да заигра во составот на Барселона следната сезона. Двата клуба изразија интерес за аргентинскиот стрелец преку зимскиот преоден рок, но „нероазурите“ не беа подготвени да се разделат со својата ѕвезда. Сепак, самиот играч ќе ги претпочита Каталонците, за да може да игра со неговиот голем идол Лионел Меси. Дваесет и две-годишниот фудбалер одлично настапува во составот на Антонио Конте оваа сезона, постигнувајќи 16 голови на 27 одиграни натпревари досега во текот на кампањата. Во Барселона се верува дека Лаутаро ќе биде долгорочната замена за Уругваецот Луис Суарез. Според италијанските медиуми, играчот има откупна клаузула од повеќе од 110 милиони евра.

Остани поврзан