• вторник, 12 ноември 2024

Лаутаро бара 7 милиони евра годишнаплата за да потпише повторно со Интер

Лаутаро бара 7 милиони евра годишнаплата за да потпише повторно со Интер
Милано, 7 октомври 2020 (МИА) - По затворањето на преодниот рок, Интер ќе го сврти своето внимание кон обновување на договорите на некои од играчите кои се во тимот. „Нероазурите“ имаа напорно лето, бидејќи успеаја да ги договорат Ашраф Хакими, Артуро Видал, Александар Коларов и Матео Дармијан. Откако работите се смирија околу набавките на Интер, клубот ќе започне преговори за обновување на договорите на некои од играчите, тврди „Тутоспорт“. Во фокусот ќе биде еден од најдобрите стрелци на тимот, Лаутаро Мартинез. Откако не успеа трансферот на аргентинскиот напаѓач во Барселона, „нероазурите“ сакаат да му го продолжат престојот на „Меаца“ и подготвени се да седнат на преговарачката маса околу Божиќ. Лаутаро Мартинез заработува 1,5 милиони евра годишно. Раководството на Интер е подготвено да му понуди 3 милиони годишно, но играчот сака да собере многу поголема сума. Аргентинскиот напаѓач и неговите претставници сакаат 7 милиони евра годишно, што ќе го приближи до неговиот соиграч во нападот Ромелу Лукаку, кој зема 8 милиони.

Тагови

Остани поврзан