• сабота, 09 ноември 2024

Ласо по отказот од Реал: Имам потврда од моите лекари дека можам да тренирам кој било кошаркарски клуб

Ласо по отказот од Реал: Имам потврда од моите лекари дека можам да тренирам кој било кошаркарски клуб
Мадрид, 5 јули 2022 (МИА) - Реал Мадрид денес официјално ја објави одлуката да го ослободи Пабло Ласо од должностите како главен тренер на тимот поради медицински причини. - По срцевиот удар што го доживеа нашиот тренер пред неколку недели, Реал Мадрид имаше неколку консултации со лекари и кардиолози. Сите тие рекоа дека продолжувањето со работа повлекува јасен ризик за здравјето на тренерот, се вели во соопштението на Реал Мадрид. Ласо реагираше на Твитер. - Мило ми е што можам да споделам со сите дека имам целосна потврда од лекарите дека можам да тренирам кој било кошаркарски тим на професионално ниво. Благодарен сум за сите знаци на внимание. Ќе имаме личен состанок во блиска иднина за да можам да го задоволам вашиот интерес, напиша 54-годишниот кошаркарски стручњак. зс/

Остани поврзан