Ларкин МВП од 29. коло во Евролигата
- Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, е прогласен за најкорисен играч на 29. коло од Евролигата.

Истанбул, 15 март 2015 (МИА) – Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, е прогласен за најкорисен играч на 29. коло од Евролигата.
За плејмејкерот на турскиот клуб ова е прва награда МВП оваа сезона.
Ларкин вчеравечер го предводеше Ефес до гостинска победа од 97:92 над Баерн во Минхен со 25 поени. Тој имаше и 4 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.
За Ларкин ова е 18. Вакво признание во кариерата, што е рекорд во Евролигата. зс/
Фото: ЕПА