• сабота, 23 ноември 2024

Лапорта понуди финансиска помош на настраданите од поплавите во Валенсија, фондацијата Барселона ќе одвои средства за обновување на инфраструктурата

Лапорта понуди финансиска помош на настраданите од поплавите во Валенсија, фондацијата Барселона ќе одвои средства за обновување на инфраструктурата

Барселона, 5 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жоан Лапорта, најави помошта за настраданите од поплавите во Шпанија.

Во провинцијата Валенсија на југоистокот на земјата, обилните дождови и ураганот Дана предизвикаа големи катастрофи. Повеќе од 200 луѓе загинаа. Некои области на Валенсија беа отсечени поради поплавени патишта, имаше прекини во струјата и комуникациите, а уништени се и мостови.

„Diario Sport“ пренесува дека Лапорта телефонски контактирал со градоначалниците на Пајпорта, Бенетусер и Катароха. Лапорта изрази солидарност со жртвите и во име на клубот понуди директна соработка и финансиска помош за обновување на основната инфраструктура во следните неколку месеци.

- Во овие многу тешки времиња, во име на Барселона и нашата фондација, сакам да ја изразам нашата најдлабока поддршка и солидарност на луѓето кои страдаат од оваа катастрофа. Како претседател на Барселона, верувам дека клуб како нас може да помогне, од една страна, преку дејствување со апел за директна помош на организациите кои работат на теренот, а од друга, обезбедувајќи финансиска поддршка, изјави Лапорта во интервју за клупските медиуми.

Помошта ќе биде обезбедена на сметка на Фондацијата Барселона - нејзините главни насоки ќе се утврдат во блиска иднина. Клубот, исто така, планира различни иницијативи за собирање средства, вклучително и аукција на дресовите од натпреварот со Еспањол одигран викендот потпишани од играчи, исто така и продажба на други предмети со логото на каталонскиот клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан