• четврток, 26 декември 2024

Лапорта: Куман останува тренер на Барселона

Лапорта: Куман останува тренер на Барселона
Барселона, 2 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта денеска ги демантираше наводите во локалните медиуми и рече дека Роналд Куман останува тренер на каталонскиот клуб. - Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона, изјави Лапорта, неколку часови пред вечерашното дерби против Атлетико во Мадрид, за кој шпанските медиуми најавија дека ќе биде последен за Куман на клупата. - Без оглед на резултатот, Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона. Тој има договор и се надеваме дека ќе нè врати на победничките патеки. Знам дека ќе даде сè од себе, додаде претседателот на Барселона. ег/паг/

Остани поврзан