• среда, 25 декември 2024

Лапорта: Куман останува на клупата на Барселона

Лапорта: Куман останува на клупата на Барселона
Барселона, 3 јуни 2021 (МИА) – Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, потврди денеска дека холандскиот стратег Роналд Куман и следната сезона ќе биде тренер на каталонскиот клуб. Одлуката Куман да остане на клупата на Барселона ја донеле членовите на Управниот одбор на клубот. - После кратко размислување, одлучивме да продолжиме со Роналд Куман, кој има важечки договор. Водевме искрени разговори и однесувањето на тренерот беше беспрекорно. Најдовме решенија за разликите што постоеа. Размислувавме во насока што е најдоброто за Барселона и среќни сме поради оваа одлука, изјави Лапорта. Барселона во дебитантската сезона на Куман на клупата сезоната во Примера ја заврши на третото место зад мадридските ривали Атлетико и Реал, но го освои Кралскиот куп. ег/гт/

Остани поврзан