• недела, 24 ноември 2024

Лапид: Нетанјаху мора да си замине од функцијата

Лапид: Нетанјаху мора да си замине од функцијата

Тел Авив, 16 ноември 2023 (МИА) - Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради, како што оцени, лошото справување на владата со војната против палестинскиот Хамас.

Лапид кажа дека сака создавање „национална реконструкциска влада“, која би можела да биде предводена од партијата Ликуд на Нетанјаху, но не и од Нетанјаху, кој мора да си замине, јави Би-Би-Си.

Лапид на платформата Х напиша дека израелската армија и јавноста покажале отпор по смртоносниот напад на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, но дека во сето тоа „најслабата алка е владата, особено премиерот“.

„Слушам приказни дека сега не е вистинско време (за промена). Чекавме 40 дена, нема повеќе време. Она што ни треба веднаш е влада која нема да се занимава со ништо друго освен со безбедноста и економијата“, кажа Лапид.

Лапид не ѝ се придружи на израелската воена влада што беше формирана веднаш по нападот од 7 октомври, за разлика од вториот член на опозицијата, Бени Ганц. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан