• недела, 24 ноември 2024

Лапид: Можен е договор за нормализација на односите со Саудиска Арабија

Лапид: Можен е договор за нормализација на односите со Саудиска Арабија
Тел Авив, 31 мај 2022 (МИА) - Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид синоќа најави евентуален договор за нормализација на односите со Саудиска Арабија. - Постигнувањето на договор за нормализација на односите помеѓу Израел и Саудиска Арабија ќе биде долг и внимателен процес, но Израел верува дека тоа може да се случи, истакна Лапид. - Официјален Ријад претходно ја услови секоја евентуална нормализација со Израел со решавање на палестинската борба за државност на територијата окупирана од Израел во војната на Блискиот Исток во 1967 година. Во 2020 година Израел, со посредство на САД, потпиша договори со четири муслимански држави (Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан), Тел Авив се надева дека ќе воспостави дипломатски односи со Саудиска Арабија. Договорот за нормализација што САД и Израел го склучуваат со исламските земји се нарекува „Аврамски договор“ затоа што библиската личност Авраам се смета за татко на три главни монотеистички религии: јудаизмот, христијанството и исламот. ми/

Остани поврзан