• сабота, 23 ноември 2024

Лансирани 36 британски сателити со руска ракета „Сојуз“

Лансирани 36 британски сателити со руска ракета „Сојуз“
Благовешченск, 25 март 2021 (МИА) - Уште една руска ракета „Сојуз“ е лансирана денеска, овојпат - со 36 сателити на британската компанија „Уан-Веб“. Станува збор за сателити кои се приклучуваат кон групата мали сателити дизајнирани да ја зголемат мрежната покриеност низ целиот свет. Руската вселенска агенција Роскосмос преку Твитер ја информираше јавноста за полетувањето на вселенското летало. Исто така, беа објавени и повеќе фотографии и снимки од лансирањето од космодромот „Восточни“ во југоисточна Русија. Ова е петти ракетен полет на „Сојуз“ оваа година. https://twitter.com/i/status/1374968730917208065 Проектот „Уан-Веб“ започна во 2019 година, а во орбитата на Земјата денес има околу 650 сателити. Целта на оваа мрежа е да обезбеди поевтин и брз пристап до интернет низ цел свет, вклучително и делови со мал или без никаков пристап.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан