• четврток, 26 декември 2024

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Во Северна Македонија во 2020 година имало 7432 новозаболени од дијабетес. Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот. Вкупно 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес. Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистика што ги објави во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември. Во земјава минатата година 1365 луѓе починале од дијабетес мелитус. Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите. Владите мора да ги преточат зборовите во дела за да овозможат достапен и непрекинат пристап до грижа за дијабетесот за сите луѓе на кои им е потребна и да помогнат во спречување на состојбата кај луѓето со висок ризик. Се предвидува дека 643 милиони возрасни луѓе во светот ќе живеат со дијабетес до 2030 година, покажуваат предвидувањата. Речиси едно до две возрасни лица кои живеат со дијабетес не се дијагностицирани. Се проценува дека 6,7 милиони возрасни луѓе починале поради дијабетес или неговите компликации во 2021 година. Kако земја и како подрачје со 11,2 проценти заболени, влегуваме во групата држави со висока преваленца на дијабетес. Тоа е повеќе од алармантен показател за една динамична прогресија на оваа здравствена состојба. Потребни се системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти, изјави денеска Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија на Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14-ти Ноември, насловен „Што не сторивме против Дијабетесот?“, што денеска се одржа во Скопје. Во рамки на настанот, Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка, а беа одбележани и јубилеите „Сто години инсулин“ и „20 години Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија“. нд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан