• четврток, 19 декември 2024

Ланишек победник на втората од четирите скокалници на Новогодишната турнеја

Ланишек победник на втората од четирите скокалници на Новогодишната турнеја

Гармиш-Партенкирхен, 1 јануари 2024 (МИА) – Словенецот Анже Ланишек е победник на денешните ски-скокови во рамките на новогодишната турнеја Четири скокалници. Тој со скокови од 136 и 137 метри и вкупно 295,8 бодови го освои првото место.

Нему на подиумот му се придружија Рјоју Кобајаши и тур-лидерот Андреас Велингер. 

- Конечно релаксиран скок каков што сакав. Многу ми се допаѓа оваа скокалница, овде се чувствувам добро. Не размислувам за вкупниот пласман на новогодишната турнеја, си ги отежнав работите во Оберсдорф на првиот натпревар, па сега одам чекор по чекор. Повеќе ме интересираат индивидуалните резултати, изјави Ланишек за Еуроспорт веднаш по денешната победа.

Ланишек од третото место по првата серија стигна до победата, откако Кобајаши кој водеше и Велингер кој беше втор не изведоа доволно добри скокови во втората серија.

Турнејата од Германија се сели во Австрија каде на 3 јануари ќе се одржат натпреварите во Инсбрук, додека на 6 јануари ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Бишофсхофен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан