• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ландсбергис: Балтичките земји поддржуваат што е можно побрз влез на Украина во НАТО 

Ландсбергис: Балтичките земји поддржуваат што е можно побрз влез на Украина во НАТО 
Вилнус, 30 септември 2022 (МИА) - Литванскиот министер за надворешни работи Габриелус Ландсбергис истакна дека трите балтички земји го поддржуваат влезот на Украина во НАТО што е можно поскоро. „Балтичките пријатели на Украина целосно го поддржуваат влезот на Украина во НАТО што е можно поскоро. Инспиративната храброст на Украина може само да го зајакне нашиот сојуз“, напиша Ландсбергис на Твитер, додавајќи емотикони на Естонија, Летонија и Литванија. ссм/  

Остани поврзан