• недела, 24 ноември 2024

Лам: Злонамерни се критиките за набавката на кинеска вакцина

Лам: Злонамерни се критиките за набавката на кинеска вакцина
Хонг Конг, 15 декември 2020 (МИА) - Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам денеска демантираше дека набавката на вакцина против Ковид-19 од континенталниот дел на Кина е политички мотивирана, истакнувајќи дека купувањето е поддржано од два експертски одбори. Таа на прес-конференција ги повика граѓаните да „не обрнуваат внимание на злонамерните гласини“ за владиниот план за набавка на вакцината и да ги слушаат советите на експертите. Владата на Хонг Конг договори набавка на 7,5 милиои дози од кинеската компанија Синовак и исто толку дози од компанијата Бионтек. Поради четвртиот бран на пандемијата со новиот коронавирус, Лам ги повика граѓаните да останат во домовите и да ги избегнуваат непотребните собири. Но, Лам одби да ги образложи причините за пролонгирањето на нејзината посета на Пекинг. ми/

Остани поврзан