• вторник, 24 декември 2024

Лампард: Ја видовме бруталната реалност на фудбалот

Лампард: Ја видовме бруталната реалност на фудбалот
Њукасл, 18 јануари 2020 (МИА) – Старото непишано фудбалско правило, кога нема да постигнеш гол, противникот ќе те казни, се покажа на дуелот со Њукасл. Ја видовме бруталната реалност на фудбалот, изјави Френк Лампард, тренерот на Челзи по вечерашниот пораз на гостувањето кај Њукасл. Лампард имаше големи замерки за неефикасноста на своите избраници. - Ние разбираме дека имаме проблеми во последната третина од теренот, не постигнуваме доволно голови. Ако не постигнете гол, тогаш секогаш останувате ранливи. Не знам што треба повеќе да направиме за да ги завршиме нападите како што треба. Мора да има убиствен инстинкт пред голот на противникот. Од она што го велам, јасно е дека разбираме каде треба да се зафатиме, но ќе видиме, додаде Лампард. Предводникот на „сините“ од Лондон им порача на своите фудбалери дека ако сакаат прогрес на табелата, мора да обрнат внимание на реализацијата. Челзи по поразот (0:1) од Њукасл остана на 4. место на табелата во Премиер лигата со 39 освоени бода. зс/

Остани поврзан