• среда, 25 декември 2024

Лампард наскоро би можел да го преземе Ковентри

Лампард наскоро би можел да го преземе Ковентри

Лондон, 18 ноември 2024 (МИА) - Англискиот фудбалски стручњак, Френк Лампард може да го води Ковентри, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг.

Преговорите со 46-годишниот Англичанец се во напредна фаза. Се разговара само за уште некои детали од договорот.

По 15 натпревари, Ковентри е на 17. место во поредокот на Чемпионшип со 16 бодови.

Лампард како менаџер ги предводеше Дерби Каунти, Челзи и Евертон. Последен ангажман му беше Челзи, од 6 април 2023 до крајот на сезоната. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан