• среда, 18 декември 2024

Лампард го враќа Рудигер во составот

Лампард го враќа Рудигер во составот
Лондон, 27 окотмври 2020 (МИА) - Менаџерот на Челси, Френк Лампард е подготвен да го врати Антонио Рудигер во составот. Германецот беше изоставен од групата шест од досегашните седум меча на „сините“. За време на преодниот рок, тој стори сé што е можно за да го смени клубот и да игра повеќе, со идејата да биде што е можно подготвен за Европското првенство следното лето. Сепак, не беше извршен трансфер, иако се тврдеше дека Тотенхем и Пари Сен Жермен имаат интерес. Според „Дејли Мејл“, Рудигер имал многу искрен разговор со Лампард, по што менаџерот на тимот му ветил дека ќе му даде уште една шанса и ќе го користи почесто. И покрај проблемите на Челси во одбраната, Рудигер се уште нема одиграно ниту една минута за тимотод Лондон оваа сезона. Сепак, тој беше стартер на петте натпревари на Германија од почетокот на новата кампања.

Тагови

Остани поврзан