• сабота, 23 ноември 2024

Лами телефонски разговараал со израелскиот и иранскиот колега за деескалација на судирот

Лами телефонски разговараал со израелскиот и иранскиот колега за деескалација на судирот

Лондон, 28 октомври 2024 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами изјави дека вчера имал одделни телефонски разговори со својот израелски и ирански колега, во обид да се избегне ескалација и „катастрофална“ војна во регионот. 

Лами, во изјавата по израелскиот воздушен напад врз воени цели во Иран, рече дека вчера „имал важни разговори“ со израелскиот министер Израел Кац и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, пренесуваат британските меидуми. 

„Велика Британија продолжува да бара деескалација и крај на конфликтот во Либан и Газа“, рече Лами. 

Тој посочи дека „регионалната војна би била катастрофална“ и дека „не е во ничиј интерес“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан