• четврток, 26 декември 2024

Лами: Мета треба да избере дали ќе биде близок со САД или со Бериша

Лами: Мета треба да избере дали ќе биде близок со САД или со Бериша
Тирана, 12 јули 2022 (МИА) - Изјавата на претседателот Илир Мета дека по завршување на петгодишниот мандат, на 24 месецов, ден потоа се враќа во политиката, најавувајќи силни политички движења, ја коментираше познатиот албански политиколог Роланд Лами, кој оцени дека Мета има две можности или да биде близок со САД или близок со Бериша. Лами гостувајќи во емисијата „Топ стори“ оцени дека Движење за социјалистичка интеграција (ЛСИ), партија чиј основач е Мета е важен фактор во политиката, но сепак тој мора да се одлучи за една од споменатите можности. - Мета најави дека ќе се врати во ЛСИ, која е фактор во гласовите на десницата поради структурата. Таа не е мал фактор, особено сега со Бериша. Колку повеќе се приближува до Американците, толку повеќе се оддалечува од Бериша и обратно. Големо прашање е дека ЛСИ ќе се приклучи на стратегијата на ПД поради Бериша, а тоа значи прекин на меѓународните контакти. Она што е значајно е која страна ќе ја избере, со Бериша и далеку од САД или без Бериша и блиску до САД. Мета мора да избере една од овие можности, наведе Лами. Опозициската ЛСИ, е трета по големина политичка партијата во Албанија. Кога Илир Мета, положи заклетва како претседател, на 24 јули 2017 година, неговата сопруга Моника ја одби почесната титула „прва дама“, продолжувајќи ја политичката кариера, како лидерка на ЛСИ. Таа заедно со раководството и членови на партијата учествуваше на масовниот антивладин протест што на 7 јули го организираше Сали Бериша, кого во мај минатата година САД го прогласија за непожелна личност, поради вмешаност во корупција. вт/ми/

Остани поврзан