• четврток, 26 декември 2024

Ламело Бол избран за најдобар „руки“ во НБА лигата

Ламело Бол избран за најдобар „руки“ во НБА лигата
Њујорк, 17 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, станувајќи со тоа само третиот играч во историјата на франшизата, кој ја освоил оваа титула, по Лари Џонсон (1991/92) и Емека Окафоро (2004/05). Деветнаесетгодишниот Бол освои 465 поени во гласањето на 99 спортисти и телевизиски куќи, завршувајќи во изборот пред Тајрес Халибартон (Сакраменто) и Ентони Едвардс (Минесота). Третиот избор на Шарлот на минатогодишниот драфт, Бол имаше просек од 15.7 поени по натпревар, 6.1 асистенции и 5.9 скокови. Поради повреда на зглобот попушти многу натпревари, а кога се врати на теренот на крајот од март, во последните 11 натпревари просечно постигнуваше по 15 поени, со шест асистенции и 5.7 скокови. ег/зс/    

Тагови

Остани поврзан