• вторник, 24 декември 2024

Лаи: Тајван нема да отстапи ниту педа од својата територија

Лаи: Тајван нема да отстапи ниту педа од својата територија

Тајпеј, 25 октомври 2024 (МИА) - Тајван нема да отстапи ниту еден сантиметар од својата територија, изјави денеска тајванскиот претседател Вилијам Лаи.

„Ние нема да отстапиме ниту педа територија и цврсто ќе ја браниме нашата татковина“, рече шефот на државата, наведувајќи неколку острови со кои управува Тајпеј. Меѓу нив беа и островите Кинмен, кои ги посети неколку дена откако Кина организираше воени операции во водите на Тајванскиот теснец вежби кои вклучуваат престрелки.

Лаи ги посети овие острови во близина на брегот на Кина за да ја одбележи 75-годишнината од воената победа на националистите над комунистичките сили.

Кина вели дека поддржува мирно обединување, но не ја исклучува можноста за употреба на сила доколку е потребно.

Изборот на Вилијам Лаи за претседател на Тајван оваа година дополнително ги затегна односите меѓу Пекинг и Тајпеј.

Кинеските власти редовно го обвинуваат дека сака да го продлабочи културниот јаз меѓу островот и континентална Кина. Како одговор, Пекинг ја зголеми својата воена активност околу територијата на Тајван. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан