• понеделник, 07 октомври 2024

Лазаров со победа се прости од навивачите на Нант

Лазаров со победа се прости од навивачите на Нант
Нант, 9 јуни 2022 (МИА) – Македонскиот ракометар Кирил Лазаров вчеравечер го одигра претпоследниот натпревар во својата кариера на клупски план, последен пред домашната публика во Нант. Вицешампионот на Франција со победа испрати пет ракометари и тренерот Ентрериос, по што беше организирана прославата. Нант уште во претходното коло го обезбеди второто место па победата над Тулуз 32:18 нема големо значење. Лазаров во вториот постигна три гола (два со спекталарни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите. За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан