• понеделник, 02 септември 2024

Лазаров со Нант против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите

Лазаров со Нант против Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите
Нант, 25 мај 2021 (МИА) - Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров со својот клуб, француски Нант ќе играат против Барселона на „Фајнал фор“ турнирот од Лигата на шампионите. Во другиот полуфинален меч ќе се сретнат дански Алборг и и другиот француски полуфиналист, тимот на Пари Сен-Жермен. Кире Лазаров ќе го игра седмиот „Фајнал фор" во елитното ракометно натпреварување, од кои три има со Барселона, а по еднаш досега со Суидад Реал, Атлетико Мадрид и со Нант. „Фајнал фор“ турнирот ќе се игра во Келн, Германија викендот на 12 и 13 јуни. зс/

Остани поврзан