• четврток, 19 декември 2024

Лазаров по историската победа во Европската лига: Ни недостасуваше искуство, одиме напред

Лазаров по историската победа во Европската лига: Ни недостасуваше искуство, одиме напред

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) – Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров по победата (28:27) над Ла Риоха, прва за неговиот тим во евро-куповите, се осврна на настапите во дебитантската сезона во Европската лига. 

- Среќен за првата, историска победа на нашиот клуб. Честитки на моите играчи, а и на Ла Риоха за фер-плеј натпреварот. Знам што значи Логроњо Ла Риоха за шпанскиот ракомет, минав седум години во таа земја. За нас ова е голема победа, иако повторно ги правевме истите грешки, промашивме три пенали, неколку удари од шест метри. Сепак, знам дека ова е првпат за многу наши играчи во Европа. Се гледаше дека ни недостига искуство во оваа групна фаза, ама се гледа и дека одиме напред. Се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри. Заслужено запишавме победа во групната фаза. Благодарност и до публиката која не поддржа во овие натпревари, препознавајќи го нашиот македонски проект, изјави Лазаров на прес-конференцијата по натпреварот.

Најдобриот играч на натпреварот, Марко Митев кој мечот го заврши со 10 голови,  рече дека победата е по заслуга на целиот тим.

Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје го совлада шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со 28:27. Ова беше натпревар од последното, 6. коло во Ф-груп

- Пресреќен сум за оваа победа која со моите соиграчи лавовски ја изборивме. Ова беше заслуга на целиот тим. Сега сме фокусирани на нашата Суперлига и она што ни следи. Овој натпревар ќе биде мотив плус за сите млади играчи во овој тим да работиме повеќе. Настапот ќе ни биде плус и во искуството кое го стекнуваме од меч во меч, истакна Митев.

Алкалоид го освои третото место во групата со три бода, колку што има и Ла Риоха на четвртото место. Пласман во следната фаза изборија Силкеборг и Војводина. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан