Лазаров и Манасков забележаа победи со своите екипи во ракометната Лига на шампиони
- Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешна вечер со својот Нант на гостувањето кај Кил во Германија.
Кил, 24 септември 2020 (МИА) – Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров имаше успешна вечер со својот Нант на гостувањето кај Кил во Германија.
Нант во меч од 2. коло од Лигата на шампионите, го совлада Кил со 35:27. Лазаров натпреварот го заврши со два гола.
Два бода вечерва со својот Веспрем освои и Дејан Манасков. Тој беше стрелец на три гола во триумфот на Унгарците над ППД Загреб со 37:25.
Веспрем има максимални четири бода, додека Нант има два бода од две средби. зс/