• среда, 25 декември 2024

Лазаров: Имаме реални шанси за пласман на ЕУРО2026

Лазаров: Имаме реални шанси за пласман на ЕУРО2026

 

Скопје, 22 март 2024 (МИА) – Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија Кирил Лазаров со коментар по ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата 1 заедно со Словенија, Литванија и Естонија.

„Задоволен сум од ждрепката. Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија, додека со Словенците ќе пробаме да издвојуваме барем една победа. Знаеме дека станува збор за квалитетен национален тим кој успеа да обезбеди олимписка виза за Игрите 2024 во Париз“, изјави Лазаров за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија.

Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири селекции.

Пласман на Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Норвешка, Данска и Шведска ќе обезбедат првите две репрезентации од осумте групи, како и четирите најдобро третопласирани селекции.

Квалификациите почнуваат на 4. октомври, а ќе финишираат на 11. мај 2025 година. ег ФОТО: РФМ

Остани поврзан