• четврток, 19 декември 2024

Лазаревски: Кратењето на буџетот за филмска продукција наместо за 33, ќе биде за 17 до 18 проценти

Лазаревски: Кратењето на буџетот за филмска продукција наместо за 33, ќе биде за 17 до 18 проценти
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) - Ребалансот на буџетот веќе е изгласан. Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмската продукција за 33 проценти, веднаш реагиравме до Владата и до кабинетот на премиерот. Сега имам и официјална информација дека кратење на буџетот ќе биде од 17 до 18 проценти, посочи директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со кратењето на буџетот за филмската продукција, информираше дека најпрвин во буџетот имало предвидено 170 милиони денари, а со првичното кратење требало да биде 110 милиони. Сега во моментов, како што рече, имаат 142 милиони денари. -Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмска продукција за 33 отсто, зедно со Друштвото на филмски работници изреагиравме до Владата. Јас се заблагодарувам и на министерката за култура и прмеиерот од причина што од првично најавените 33 проценти кратење на буџетот на македонски филм, од вчера имам официјална информација дека ќе биде од 17 до 18 проценти, рече Лазаревски. Тој додаде дека годинава сите филмови кои се најавени за реализација, ќе бидат реализирани. Посочи оти идејата е во иднина да има стандардизација на буџетот за филмска продукција. -Филмот е една комплексна организација. За да дојде една екипа во нашата држава за да снима, треба да се потрошат десетина, илјадници евра само за транспорт, но и за сместување. Ако тоа не можеме да го финансираме, не само што ќе пропадне проектот, туку ќе пропаднат сите наши напори, инвестиции и средства кои сме ги одвоиле од буџетот, додаде директорот на Агенцијата за филм.бт/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан