• четврток, 26 декември 2024

Лажни се дојавите за бомби во три училишта во Скопје

Лажни се дојавите за бомби во три училишта во Скопје

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението на МВР.бт/са/

Остани поврзан