• сабота, 28 декември 2024

Лажни полицајци ограбиле странски државјани на автопатот Ниш-Врање

Лажни полицајци ограбиле странски државјани на автопатот Ниш-Врање
Белград, 27 декември 2020 (МИА) - Лажно претставувајќи се дека се полицајци и користејќи полициски трепкачи на автомобил од типот „Ауди“, група непознати лица рано утринава запреле автомобил со германски регистарски ознаки на автопатот Ниш - Врање и од патниците изнудиле 10.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград. Според полициски извори, настанот се случил во близина на селото Превалац кога од „аудито“ излегло лице во полициска униформа, вооружено со автоматско оружје и батерија, и од патниците ја украло споменатата сума пари. Оштетени се двајца патници - едниот е државјанин на Северна Македонија, а другиот е од Албанија. Случајот бил пријавен во полицијата во Врање, која е во потрага по „лажниот колега“, а надлежното обвинителство работи на случајот. Пред околу десетина дена во Сурдулица двајца мажи претставувајќи се како полициски инспектори пресретнаа малолетни лица и им одзедоа пари. Минатата недела, српската Влада усвои измени и дополнувања на Уредбата за изгледот, формата и содржината на службената значка и службената легитимација, со која се пропишува дека е „забрането поседување на значка и службена легитимација на лица кои не се припадници на Министерството за внатрешни работи“. об/ми/

Остани поврзан